Турска Бања (Amam)Стар Дојран
На 130 метри од градска плажа се наоѓаат рушевините на единствената бања во градот Дојран, позната како Амам турски збор што значи бања. За оваа бања не се знае кога е изградена но се зборува дека секој ден работела и тоа се до 1916 година кога е и разрушена. Но се знае дека се состоела од повеке простории од кои едни биле за жени, а други за мажи и се знае дека во секоја просторија имало и чешми. Водата до бањата била носена преку ќерамидни цевки од месноста Дере-Баш, 2 km западно од Дојран. Водата се загревала со дрва ( ќумур) во казан и тоа во посебна просторија каде од таму течела во чешмите од кои се миеле граѓаните.Во бањата оделе граѓани од сите националности, а тоа што е најинтересно е тоа дека за идните невести имало посебна церемонија и оделе на посебно моминско бањање.